Страотна несреќа во Италија; Автобус полн со деца удри во столб, најмалку 16 загинати

Полицијата денес потврди дека најмалку 16 лица загинаа, додека 26 се повредени откако школски автобус со унгарски регистерски таблички вчераноќ удри во столб на автопатот на северот на Италија и се запали.

Десетици повредени се префрлени во болница во Верона, а надлежните стравуваат дека бројот на настрадани би можел да биде поголем.

Во автобусот биле ученици од Унгарија на возраст меѓу 14 и 18 години.

Меѓу починатите се и возачот, француски државјанин со семејството, пренесува италијанската агенција Аџи.

Како што пренесува АП, 39 лица преживеале, иако некои од нив се тешко повредени.

italija nesreka 2

„Еден патник е во кома и е во животна опасност“, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто на конференција за новинарите во Будимпешта.

Тој рече дека возачот на автобусот изгубил контрола, а дека истражителите не пронашле траги на кочење на местото на несреќата.

Сијарто додаде дека има информации дека вкупно биле 54 патници, меѓу кои и две возрасни лица, како и двајца возачи странски државјани, но дека постојат сомневања оти, од засега непознати причини, имало и повеќе патници.

Началникот на италијанската полиција Џироламо Лакванити вели дека во инцидентот не учествувало друго возило и дека не е јасно зошто авѕобусот удрил во столб.

Државното радио РАИ пренесува дека словенечки возач на камион којшто бил зад автобусот, по несреќата, изјавил дека забележат проблем со едното тркало на автобусот за што се обидел да го алармира возачот, но дека возачот не реагирал доволно брзо.