Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Стратешкиот план за економска дипломатија и екстровертност на Грција за 2022 вклучува и 20 активности со Северна Македонија
Македонија

Стратешкиот план за економска дипломатија и екстровертност на Грција за 2022 вклучува и 20 активности со Северна Македонија

мај 27, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Националниот стратешки план за економска дипломатија и екстровертност за 2022 година на Министерството за надворешни работи на Грција што беше презентиран во Атина вклучува вкупно 669 активности во целиот свет, од кои 58 се на Западен Балкан, а 20 во Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина.

Националниот план има конкретни цели за секој географски регион, со конкретни и специфични активности во различни области, а го презентираа шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас, заменикминистерот за надворешни работи задолжен за економска дипломатија и екстровертност, Костас Франкојанис и генералниот секретар во грчкото МНР и претседател на „Enterprise Greece“ Јоанис Смирлис.

Од 58-те активности планирани за Западен Балкан, најмногу (20) се со Северна Македонија, 13 со Албанија, десет со Србија, осум со Босна и Херцеговина, пет со Косово и две со Црна Гора.

Согласно Националниот стратешки план за економска дипломатија и екстровертност за 2022, што е на речиси 100 страници, во однос на Северна Македонија, како што пренесува МИА, шест од активностите се однесуваат на билатералните односи, пет на транспортот и синџирот на снабдување, три се однесуваат на извозот, по две на енергетиката и развојната помош и по една на технологијата и туризмот.

Дел од активностите се во тек, дел пак се планирани за 2022 година.

На билатерално ниво, вклучени се шест активности, од кои три се планирани во текот на оваа година (ажурирање на билатералната договорна рамка; свикување на Координативниот комитет за економска соработка; Свикување на мешаната министерска комисија), една активност е во тек (Акционен план за интензивирање и збогатување на соработката поврзана со мали и средни претпријатија, индустрија и бизнис иновации), а една активност би требало да се реализира во 2022 година, но под предуслови и се однесува на институционализиран дијалог на бизнис заедниците на Грција – Северна Македонија и Меѓународната експертска група за трговските имиња и ознаки.

Единствено не е одредено времето за одржување на вториот совет за соработка на високо ниво.

Во областа на енергетиката се изградбата на интерконекторот за природен гас меѓу Северна Македонија и Грција, активност планирана во периодот од 2016 д0 2023 година, како и повторното пуштање во употреба на нафтоводот, активност што е во тек.

Меѓу активностите во транспортот, четири се во тек и се однесуваат на: планот за билатерален договор за прекуграничен железнички сообраќај;договорот на патни превозници од двете земји; иницијативата за зелен коридор меѓу Западен Балкан и земјите- членки на ЕУ и зајакнувањето на поврзаноста со создавање заедничка контролна точка на граничниот премин Евзони /Богородица, додека пак за оваа година планирана е работилница/конференција за царинските постапки и проблемите со кои се соочуваат извозниците и увозниците, во соработка со Дирекцијата за царински системи на Северна Македонија.

Голем дел од активностите, особено оние поврзани со извозот, технологијата и туризмот се во надлежност на Канцеларијата за економски и трговски прашања при грчката амбасада во Скопје, а оние што се однесуваат на билатералните односи се под Министерството за надворешни работи на Грција.

Националниот план за економска дипломатија и екстровертност е втор стратешки план, а заменик-министерот за надворешни работи на Грција Костас Франкојанис рече дека „првиот, минатата година беше спроведен со голем успех, иако всушност беше пилотски“.

Истакна дека планот е „национален“ бидејќи екстровертноста се однесува на сите, на целата земја, а „позитивните резултати од остварувањето се рефлектираат во подобрувањето на животот на сите Грци“ и планот е „стратешки“ бидејќи ги комбинира целите кон кои се стреми Грција.

„Карактеристиката на планот е дека целите се евидентираат во секоја географска област на светот и во секое поле на деловна активност. Со конкретни временски распореди, за мерливи резултати. Со 669 активности на Западен Балкан, Европа, Блискиот Исток и Северна Африка, Северна Америка, Централна и Јужна Америка, Азија, Африка и Океанија. Буквално, низ целиот свет. На полето на билатералните односи, мултилатералните односи, извозот, привлекувањето инвестиции и развојната соработка, истакна Франкојанис.

Шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас рече дека акцентот го ставаат на енергетските прашања, но и на поврзаноста и логистика, бидејќи „Грција може да стане важен регионален центар“.

„Грчката економска дипломатија мора да се планира со долгорочен хоризонт и јасна цел. Има три оски: промоција на грчките производи, за да станат конкурентни на меѓународните пазари. Пазарот не може да опстане ако не извезува. Второ, практичната поддршка на човечкиот елемент, односно на грчките извозници и промоција на нашата земја како атрактивна инвестициска дестинација, истакна Дендиас.

Генералниот секретар во Министерството за надворешни работи на Грција и претседател на „Enterprise Greece“ Јоанис Смирлис рече дека ланскиот план за економска дипломатија и интровертност вклучувал 458 активности во 38 земји, а веќе се реализирани над 70 отсто.

 

 

МИА

актуелно Грција економска дипломатија стратешки план
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.