Страшни поплави во Италија: Загинаа најмалку 7 лица, се трага по исчезнати

LinkSense.mk

Обилни дождови и поплави го погодија вчера доцна навечер централниот италијански регион Марке, при што загинаа најмалку седум лица, а тројца се водат како исчезнати, објавија италијанските медиуми.

Локалните власти соопштија дека не очекувале ваква ненадејна „водена бомба“. За два до три часа паднале околу 400 милиметри дожд, поплавувајќи ги улиците на неколку градови во провинциите Анкона и Пезаро-Урбино.

На снимката објавена од локалните пожарникари се гледа како некои од спасувачите се движат по улиците на крајбрежниот град Сенигалија со сплавови за да стигнат и да ги евакуираат луѓето, додека други се обидуваат да минат подвозник.

Според властите, спасувачите сè уште трагаат по преживеани.

Во меѓувреме, лидерот на италијанската Демократска партија (ПД) на Твитер објави дека ќе ја прекине кампањата во регионот, пред националните избори на 25 септември.