Студија за кинеските вакцини: Синовак и Синофарм ефикасни против делта сој

LinkSense.mk
ДВЕ од најраспространетите кинески вакцини против ковид 19, развиени од Синовак и Синофарм, се покажаа како ефикасни против делта варијантата на коронавирусот, се вели во студија објавена денеска во Кина.
Двете вакцини беа 52 отсто ефикасни против делта инфекција и 60 отсто ефикасни за симптоматска болест, напишаа истражувачите, објави Ројтерс. Студијата не собра доволно податоци за да се утврди ефикасноста на двете вакцини одделно или по возрасни групи, велат истражувачите од локалните Центри за контрола на болести и два кинески универзитети во трудот објавен во Annals of Internal Medicine.
Податоците се засноваат на анализа на повеќе од 100 инфекции и повеќе од 10.000 нивни блиски контакти за време на избувнувањето на делта вирусот во јужната кинеска провинција Гуангдонг во мај и јуни минатата година.
Вакцините беа 78 проценти ефективни кај пневмонија и 100 проценти кај тешка или критична ковид.