Сугарески и Китанов на увид во изградбата на експресниот пат Штип-Кочани

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на ЈП за државни патиша Зоран Китанов денеска ќе извршат увид во изградбата на експресниот пат Штип-Кочани (фаза 1 Штип-Крупиште).

Китанов викендот информираше дека првиот дел од експресниот пат на
потегот од Штип до Крупиште во должина од 14,3 километри е во завршна фаза.

Најави дека ќе биде пуштен во јуни годинава.

Според Китанов, без застои се одвиваат и градежните работи на втората фаза од Крупиште до Кочани, во должина од 13,75 километри.

Изградбата е започната минатата есен 2019 година, а краен рок е април 2021 година.