Авион на јужнокорејската авиокомпанија „Кореан Ер “ се судри со авион на „Ер намибија“ после слетувањето на франкфуртскиот аеродром.
Сударот се случи во саботата вечерта околу 18.20 часот.
При сударот, во којшто за среќа нема повредени патници, оштетени се хоризонталниот стабилизатор на корејскиот „Боинг 777“ и врвот на крилото на авионот на „Ер Намибија“.
Контролата на летот на аеродромот во Франкфурт утринава потврди дека се случил инцидент, заради што летот за Сеул бил одложен за 21 час.







