Судар на танкер и товарен брод

Јапонската крајбрежна стража со помош на бродови и авиони трага по тројца исчезнати членови од екипажот на товарниот брод којшто денеска се преврти и потона после сударот со танкер близу брегот на Јапонија.

„Бродот ‘Бјакко’ потона утринава околу 2.40 часот после сударот со танкерот ‘Услан Пионир’, кој превезувал хемикалии, во теснецот Курушма“, им изјави на новинарите генералниот секретар на јапонската влада, Кацунобу Като.

Като информира дека крајбрежната стража и бродовите кои се нашле во близина спасиле девет од вкупно 12 членови на екипажот, а дека 14 патролни пловила и три летала моментно трагаат по исчезнатите.

Меѓу членовите на екипажот на танкерот нема повредени, а на местото на несреќата нема изливање на опасни материи ниту какви било други предмети, нагласи Като.

Тројца рибари загинаа вчера кога се судрија јапонски и руски бродови во Охотското море.

(Фото: Танјуг)