Супер брзи израелски тестови за Ковид, готови за 20 секунди

Израелска компанија денес соопшти дека добила европско одобрување за својот брз тест за корона вирус и дека е подготвена да помогне во покренувањето на меѓународните патувања.

Рачната машина „Спектра ЛИТ“ ја елиминира потребата за сложена лабораториска опрема, пренесе израелскиот дневник „Тајмс оф Израел“.

Тоа значи дека персоналот на аеродромите кои моментно имаат задача да собира примероци и да ги испраќа во лабораториите едноставно имаат машина при рака и може да им даде на патниците резултати после само 20 секунди од анализата.

Системот, кој е тестиран во 36 болници ширум светот, добил одобрување од Европската дирекција за медицински уреди за верзија тест за брис, што му овозможува да почне да се користи низ Европската унија.

Ова е важна пресвртница за брзо тестирање“, рече Ејал Зимлихман, лекар во Медицинскиот центар „Шеба“, кој помогнал во развојот на технологијата, за израелскиот дневник.

И покрај глобалните напори за спроведување на вакцинацијата за Ковид-19 потребни се и понатаму брзи дијагностички решенија за да се вратиме во нормала, вклучувајќи ги и меѓународните патувања, а ова претставува важна пресвртница“, истакна тој.

Зимлихман потенцираше дека „Спектра ЛИТ“ има релативно висока точност, од 70 до 80 проценти, и дека ќе биде релативно ефтин.

(Фото: АП)