Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Софија со поддршка, но со услов
Политика

Софија со поддршка, но со услов

октомври 10, 2019Updated:октомври 10, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Сè погласни се ставовите дека на Северна Македонија треба да ѝ се одобри безусловен почеток на преговорите за членство во Европската Унија и да биде одвоена од Албанија.

Холандија вчера побара Албанија и С. Македонија да бидат третирани одвоено во однос на отворањето на преговорите, додека, пак, бугарската Влада одлучи дека ќе ја поддржи одлуката за почеток на преговорите за членство и на двете земји, и на Северна Македонија и на Албанија.

Претседателот Стево Пендаровски, пак, очекува јасна покана за почеток на пристапните преговори.

Ставот на Холандија, дека Северна Македонија и Албанија треба да бидат третирани одвоено во однос на отворањето на преговорите, произлезе од завчерашната дебата во Комитетот за европски прашања на холандскиот Парламент.

Шефот на дипломатијата Стеф Блок го повторил ставот на Владата дека почеток на преговорите со Албанија во овој момент би било прерано.

Холандија, сепак, нема да стави вето доколку останатите земји членки на ЕУ бидат за старт на преговорите.

Во делот за Северна Македонија се вели дека е направен охрабрувачки напредок и се поздравува Преспанскиот договор како пример за решавање и на други отворени прашања во регионот.

Се препорачува продолжување на предметите отворени од СЈО и се поздравува нивното префрлање за понатамошно процесирање во ЈО.

Клучен чекор што треба да се направи е усвојување закон што ќе гарантира независно Јавно обвинителство и гонење на случаите на висока корупција.

Бугарија исто така ќе ја поддржи одлуката за почеток на преговорите за членство на Северна Македонија и на Албанија во ЕУ.

Сепак, Софија постави и услови што ќе треба да бидат исполнети во текот на преговорите.

Вицепремиерката и министерка за надворешни работи, Катерина Захариева, вчера рече дека Софија е за старт на преговорите со Северна Македонија и Албанија во пакет, бидејќи смета оти нивното раздвојување би било грешка и може да доведе до нестабилност во регионот.

Во однос на земјава, Захариева рече дека Бугарија отсекогаш како услов за нејзина поддршка ги поставувала добрососедските односи.

„Тоа е јасно уште со Декларацијата од 1999 година, потоа со Меморандумот за поддршка на евроатлантската и евроинтеграцијата на земјата и конечно со потпишувањето на Договорот за добрососедство од страна на премиерите Бојко Борисов и Зоран Заев“, изјави Захариева.

И министерот за одбрана Красимир Каракачанов по владината седница вчера изјави дека Бугарија го поддржува членството на С. Македонија во ЕУ, но не безусловно.

Според него, од Скопје зависи колку време ќе трае пристапувањето во Унијата.

„Историјата не може да биде компромис“, рече Каракачанов, додавајќи оти решавањето на отворените историски прашања е еден од бугарските услови.

И во Грција поддршката за почеток на преговорите е недвосмислена.

Пратеничката од опозициската СИРИЗА, Сиа Анагностопулу, праша во случај да не се даде зелено светло за Албанија, зошто ќе треба да биде казнета Северна Македонија?

Таа тоа прашање му го постави на алтернативниот шеф на грчката дипломатија Милтијадис Варвициотис на расправата на Комисијата за национална одбрана и надворешни работи во грчкиот Парламент, кој претходно рече дека поради „присутноста на албанскиот елемент во регионот, разделувањето и почетокот на пристапните преговори само со една земја кандидат може, наместо да ја продлабочи стабилноста, да предизвика одново појавување на дестабилизација на северната граница“.

„Во случај да не се даде зелено светло за Албанија, зошто ќе треба Северна Македонија да биде казнета за тоа? Не сметате дека ова ќе ги зголеми нестабилноста и национализмот во регионот, ако останат надвор и двете земји? Додека, пак, давајќи зелено светло за Северна Македонија, која има направено огромни чекори, ова ќе запре или нема да дозволи ескалација на национализмот?“, праша Анагностопулу.

Анагностопулу, која во Владата на СИРИЗА беше алтернативен шеф на дипломатија на Грција, во нејзиното обраќање истакна дека го поддржуваат проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан, а на Варвициотис му порача дека се наклониле кон германската страна, која гледа „групирање на земјите“ за почеток на пристапните преговори со ЕУ.

Варвициотис, пак, е на ставот дека истовремено да се донесе одлука за почеток на пристапни преговори за двете земји.

Генералниот директорат за проширување и соседство во Европската комисија, Кристијан Даниелсон, на средба со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека РСМ е многу важен партнер за ЕК, која во изминатиот период покажа сериозен напредок во процесот на пристапување кон ЕУ и исполнување на поставените приоритети.

„Напредокот што Северна Македонија го постигна е дополнителен аргумент во насока на донесување на одлуката и определување датум за отпочнување на преговорите, за што ќе се одлучува во наредните неколку дена“, рече Даниелсон.

Претседателот Стево Пендаровски очекува јасна покана за почеток на пристапните преговори.

„Очекуваме јасна покана за почеток на пристапните преговори со ЕУ. Свесни сме за предизвиците со кои се соочува ЕУ, како и за дебатите за проширување, но секое одолговлекување на европските перспективи на регионот значи потенцијално отворање простор за други актери, вклучително и безбедносни, кои не нудат одржливи алтернативи на ЕУ и НАТО“, порача Пендаровски.

Пендаровски рече дека сепак тоа најмногу зависи од нас и од реформските резултати во земјата, пред сè во однос на владеење на правото и борбата против високата корупција.

Францускиот амбасадор во земјава Кристијан Тимоние вчера истакна дека Франција, како и другите членки на ЕУ, гледа на приближувањето на земјите кон Унијата од регионален аспект.

Според него, во регионален контекст јасно е дека има разлики меѓу земјите и, како што рече, постои еден општ проблем, а тоа е проблемот со правната држава.

„Ние одблизу ја следиме состојбата во Северна Македонија, развојот на настаните, особено донесувањето на законот за јавно обвинителсто. Останува уште една недела. Се разбира дека ако има согласност, тоа ќе биде позитивен елемент“, рече Тимоние.

За отворањето на пристапните преговори за членство во Европската Унија за Северна Македонија и Албанија ќе се расправа на состанокот на Советот на министри во Луксембург на 15 октомври, а конечната одлука треба да биде формализирана на 18 октомври од Европскиот совет.

актуелно поддршка преговори северна македонија Софија услов
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.