Тажен ден за Америка: Бајден ги пречека телата на војниците настрадани во Авганистан

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, ги пречека вчеравечер во воената воздухопловна база „Довер“ во американската дежава Делавер, телата на тринаесетте маринци убиени во Кабул, во присуство на членовите на семејствата на настраданите.

Бајден и неговата сопруга Џил се сретнаа очи во очи со членовите на семејствата на убиените во терористичкиот напад во близина на кабулскиот аеродром во четвртокот минатата недела“, објави новинската агенција АП.

Убиените војници се на возраст меѓу 20 и 31 година и доаѓаат од државите од Калифорнија на запад со Масачусетс на исток.

Припадниците на американската војска кои ги загубивме беа херои кои ја понесоа најголемата жртва за најголемите американски идеали, додека ги чуваа животите на другите. Нивната храброст и несебичност овозможи повеќе од 117.000 од Кабул да се најдат на сигурно“, рече Бајден.

Тој, како што опишува Асошијејтед прес, ја држеше својата рака преку срцето и делуваше како очите да му беа затворени во текот на молитвата, во моментите кога беа вадени ковчезите на убиените од воениот авион и ставани во воени возила.

Убиените маринсци од Кабул се првите американски војници кои настрадаа во Авганистан од февруари 2020 година, додава АП.

 

 

 

(Фото: АП)