Таравари: Ако е точно дека директорот на Комуналец е разрешен, завршува нашата соработка со Данела во Град Скопје

LinkSense.mk

„Ако е точно дека директорот на Комуналец е разрешен, тука завршува нашата соработка со Данела во Град Скопје.

„Ова е мој личен став за кој ќе се залагам во раководството на Алијанса, изјави градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари.

Сето ова доаѓа по синоќешните инциденти, каде лице извади пиштол и испукал куршуми кон толпата демонстранти, а се испостави дека се работи за брат на функционер во град Скопје.

Таравари му одговори и на Мицкоски и му порача дека не станувало збор за никакво нарачано убиство.

„Човекот со пиштолот е член на Алијанса, бил револтиран што претходниот ден демонстрантите му го демолирале хотелот, вели Таравари утрово за тв 24.