Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, Јохан Тарчуловски се појави во видео на кое на група граѓани им кажува дека во општината за која се бори, комунални проекти, ќе добијат само подобни граѓани, а тоа се оние кои ќе донесат гласови.
Телевизија 24 се обиде да стапи во контакт со Тарчуловски, но тој не одговори на нашите повици.
Од неговата матична партија ВМРО-ДПМНЕ, велат дека ова видео е извадено од контекст, а ниедни лаги и манипулации нема да го спасат СДСМ од пораз.
24vesti.mk







