Утринава полицијата по налог на судија изврши претрес во домот на триесет и деветгодишниот Кире Ѓеорѓиевски од Скопје поради сомнение дека учествувал во тепањето на пратениците во Собранието.
При претресот полицајците пронашле и одзеле патики со траги од крв, облека и три мобилни телефони.
Одземените работи се предадени за вештачење.
Заради постоење на основано сомнение дека Кире Ѓорѓиевски и татко му, Цане Ѓеорѓиевски, учествувале во претепувањето на пратеникот Села, тие се приведени во полициска станица.