Тајмс оф Индија: Кето-диетата го намалува ризикот од Ковид-19

Кетогената диета го намалува ризикот од Ковид-19, а во случај на инфекција може да ги спречи нејзините тешки форми, објави „Тајмс оф Индија“.

Во студија објавена во списанието „Транслејшнал медисин“ експертите истакнуваат дека малата содржина на јаглени хидрати во исхраната ги намалува мастите и „лошиот“ холестерол во организмот и ја стабилизира количината на шеќер во крвта.

Експериментите покажуваат дека оваа диета го зголемува нивото на кетонски тела во крвната плазма, кои го контролираат оксидативниот стрес во организмот и имаат антиинфламаторно дејство.

Кетогената диета може да помогне во зголемување на бројот на клетки кои пренесуваат рецептори на Т-лимфоцити кои имаат имуномодулаторно и антиинфламаторно дејство.

Таквиот режим на исхрана може да го подобри функционирањето на адаптивните имунолошки клетки и да ги намали ризиците поврзани со Ковид-19, посочува „Тајмс оф Индија“.