Американскиот претседател Доналд Трамп избриша три спорни твита од својот профил, кој му беше суспендиран на 12 часа откако компанијата Твитер го обвини за предизвикување насилство.
Твитер истовремено се закани дека трајно ќе му го згасне профилот ако не ги мизбрише спорните коментари.
И претходно, во средата, Твитер го блокираше споделувањето на одделни објави на Трамп во кои тој повторуваше дека изборите се нерегуларни.
Од Твитер и Фејсбук, како и од Инстаграм, чиј сопственик е Фејсбук, беше соопштено дека Трамп ги прекршил нивните правила.
Американскиот претседател има долга историја на спорови со социјалните мрежи, особено со Твитер, а тие кулминираа после претседателските избори.







