Тевдовски: Не се менува стапката на ДДВ за станови

LinkSense.mk

За прв промет на станови, останува повластената стапка на ДДВ од 5 проценти.

Денеска предлог измените на законот за изменување на Законот за додадена вредност влегоа во собраниска процедура.

„Со Предлогот на Законот за изменување на Законот за данокот на додадена вредност се врши пролонгирање на рокот и тоа до 31 декември 2023 година, за примената на повластена даночна стапка од 5% на првиот промет на станбени згради и станови во оној дел во кој истите се користат за станбени цели и кој ќе се изврши во рок до пет години по изградбата, рече министерот за финансии Драган Тевдовски.

„Основна причина за измената на Законот за данокот на додадена вредност е да се излезе во пресрет на граѓаните, за поддршка за градежниот сектор, како и другите стопански гранки директно поврзани со градежништвото.

Oва ќе има директно позитивно влијание врз домашната економија, велат од Министерството за финансии.