Тедрос: Државите да даваат повеќе средства за запирање на пандемијата

Newly elected Director-General of the World Health Organization (WHO) Tedros Adhanom Ghebreyesus attends a news conference at the United Nations in Geneva, Switzerland, May 24, 2017. REUTERS/Denis Balibouse - RTX37CKB

Директорот на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус, денеска ги повика државите да обезбедат средства за забрзување на производството на средства што можат да помогнат во запирање на пандемијата на коронавирусот.

Програмата на СЗО „АКТ-акцелератор“ веќе поддржува истражувања за потенцијални вакцини, лекови и дијагностика, изјави директорот на СЗО на онлајн конференцијата, пренесен од британските медиуми.

-Меѓутоа, треба побрзо да ги засилиме клиничките истражувања, производството, лиценцирањето и регулаторниот капацитет, за овие производи да можат да допрат до луѓето и да почнат да спасуваат животи, рече Тедрос.