Телефонски разговор на Макрон и Зеленски за нуклеарната централа Запорожје

LinkSense.mk

Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска телефонски ќе разговора со својот украински колега Володимир Зеленски за ситуацијата во нуклеарната централа во Запорожје.

Лидерите конкретно ќе разговараат за ситуацијата во електраната Запорожје, соопшти Елисејската палата.

Во март руските сили ја зазедоа најголемата нуклеарката во Европа, Запорожје, лоцирана во јужна Украина. Областа од крајот на јули е цел на напади, а Москва и Киев меѓусебно се обвинуваат за тие напади.

Претходно Макрон и Зеленски телефонски разговараа на 1 август.

 

 

МИА