Тен Хаг испишува негативна историја на Јунајтед

LinkSense.mk

Ниту малку не му се пишува добро на Манчестер јунајтед кој со два порази ја започна новата сезона во Премиер лигата.

Тренерот на Јунајтед, Ерик тен Хаг, е првиот тренер по повеќе од 100 години кој својот мандат на клупата на „црвените ѓаволи“ го започна со два порази.

Холандскиот стратег најпрвин беше поразен од Брајтон на домашен терен со резултат 2:1, а потоа следеше катастрофа на гостински терен против Брентфорд (4:0).

Последниот кој на таков неславен начин ја започна сезоната беше Џон Чепмен во далечната 1921 година.

Исто така, Јунајтед, за прв пат од 1936 година, „врза“ седум порази во гости. Таа сезона беше поставен неславен рекорд од 10 меча на гостински терен од кои се вратија без освоени бодови.

Манчестер за прв пат по 1979 година загуби четири последователни натпревари во домашното првенство, а следната недела има меч со Ливерпул, па навивачите на „црвените“ немаат многу причини за оптимизам.

 

 

 

 

 

 

(Фото: ЕПА)