Во насока на заштита на населението од заразни болести, вечерва, два часа по полноќ во Делчево ќе се спроведе теристичко (од земја) прскање против комарци и други инсекти.
За таа цел, надлежните ги известуваат сопствениците на пчелни семејства, да ги преземат сите неопходни мерки за заштита на пчелите.
„Со дезинсекцијата, како што е планирано, ќе бидат опфатени зелените површини во општината, подрачјата по течението на реки и водотеци, подрачјата околу каналниот систем на територијата на Општина Делчево, локалитети со застојни водени површини, како и урбани населби. Активноста ќе ја спроведат стручни екипи од Центарот за јавно здравје „ЈЗУ Кочани“ и ПЕ Делчево, а согласно со Програмата на населението од заразни заболувања за 2019 година“, соопштија од Општината.
Активноста ќе се врши со еколошко средство за уништување на комарци, широкопојасен инсектицид за третирање на комарци, одобрен од Бирото за лекови.
Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд), дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.






