Тери не оди во пензија, преминува во Астон Вила

LinkSense.mk

Долгогодишниот капитен на Челси, Џон Тери, одлучи да премине во редовите на англискиот второлигаш Астон Вила, потврди сопственикот на тој клуб Тони Ксија.

Тери ќе потпише едногодишен договор со плата од 60.000 фунти, со тоа што ќе добие уште четири милиони фунти ако Астон Вила избори пласман во Премиер лигата.

Тој неодамна го напушти матичниот Челси после 22 години затоа што му истече договорот, а управата не му понуди нов.

Англискиот 36-годишен фудбалер за „сините“ одигра 717 натпревари, по што е трет во историјата на клубот зад Рон Харис и Петер Бонети, но во минатата сезона само 14 пати беше на теренот и разделбата беше неминовна.

Освои дури 17 трофеи со Челси – пет титули од Премиер лигата, Лига на шампиони, Лига Европа, пет ФА купови и два Комјунити шилд.

Британските медиуми шпекулираат дека Тери го избрал преминот во Астон Вила за да не игра против Челси во Премиер лигата, од која имал понуда од Вест Бромвич Албион.