Терористички напад: Експлозија кај болница во Ливерпул, има загинати

LinkSense.mk

Тројца мажи се уапсени заради сомневање дека извршиле терористички акт во кој се случила експлозија пред болница во Ливерпул, објави британската полиција. Уапсените се на возраст од 29, 26 и 21 година.

Едно лице загина, а едно е повредено кога експлодира возило пред женската болница во Ливерпул, на северот на Англија.

Антитерористичките единици вршат истрага за да се утврди евентуална вмешаност и на други лица во случајов.

Забрзано работиме за да ги откриеме околностите и за нив да ја информираме јавноста“, велат од полицијата.

Од таму наведуваат дека досегашните информации укажуваат на тоа дека во прашање е такси возило кое запрело кај болницата пред да се случи експлозијата.

На фотографиите од лице место се гледа запален автомобил, додека чад се издигнува над зградите.

Градоначалничката на Ливерпул, Џоан Андерсон, случајот го опиша како „вознемирувачки“. Таа им заблагодари на службите за брзата реакција.