Техеран пронајде нови резерви на нафта

Иран пронајде резерви на нафта од околу две милијарди барели во западната провинција Лорестан.

Веста ја потврди Бахман Солејмани од иранската Национална нафтена компанија.

„Врз основа на направените анализи, се проценува дека количината на резервите на нафта во местото Гали Кох во Лорестан е околу две милијарди барели, изјави Солејмани, додавајќи дека станува збор за таканаречената лесна нафта.

Тој додаде дека моментно се трага за резерви на гас во тоа подрачје, а студијата ќе биде завршена до октомври 2017 година.

Иранските резерви на нафта изнесуваат околу 160 милијарди барели, што е речиси 10 отсто од вкупните сцетски резерви, што оваа земја ја ставаат на четвртото место на светот по нафтените ресурси.