Тина Мазе на Похорје се прости од скијањето

LinkSense.mk

Најуспешната словенечка спортистка, светската првенка и олимписка шампионка Тина Мазе се прости од скијањето денеска на Похорје од активно скијање.

Мазе на трката за трофејот „Златна лисица“ запре пред целта, ги извади скиите и со одење ја помина целната линија.

tina-maze-3

Таа има вкупно 26 победи и 81 пласмани на подиумот во Светкиот куп, а во 2013 година го освои големиот кристален глобус.

Мазе освои четири олимписки медали, две златни во Сочи во 2014 година, во спуст и велеслалом, и две сребрени во 2010 година во Ванкувер, во супервелеслалом и велеслалом.

tina-maze-2

Исто така, освои и четири злата и пет сребрени медали на светските првенства.

Триесет и тригодишната Мазе денес во Марибор ја претстави својата книга „Јас, Тина“.