Трагедија кај Тунис: Во бродолом загинаа 23 мигранти

Најмалку 23 мигранти од Африка настрадаа при бродолом кај брегот на Тунис, до кој дошлододека се обидувале да го преминат Средоземното море, на патот од Либија за Италија, соопшти утринава туниската хуманитарна организација „Црвена полумесечина“.

Како што најгласија од организацијата, 70 мигранти биле спасени по потопувањето на бродот.

„Морнарицата на Тунис спаси 70 лица, додека 23, за жал, го загубија животот, по потонувањето на бродот на кој имало повеќе од 90 мигранти, кои тргнале од Либија кон Европа“, изјави за Ројтерс официјалниот претставник на „Црвената полумесечина“, Монги Слим.

Тој, меѓу другото, појасни дека денеска морнарицата извела уште една спасувачка мисија на отворено море близу брегот на африканскиот континент во која биле спасени 39 лица, чиј брод потонал во близина на градот Сфакса во Тунис.

(Фото: ЕПА)