Трамп го советува Бајден пред средбата со Путин: „Немојте да заспиете!“

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп му посака на својот наследник, актуелниот американски лидер Џо Бајден, да не заспие на состанокот со претседателот со Русија, Владимир Путин, и да му пренесе поздрави.

„Среќно Бајден во преговорите со претседателот Путин. Немојте да заспиете на состанокот и, ве молам, да му ги пренесете моите најискрени желби“, рече Трамп.

Во текот на предизборната кампања, поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави повеќе пати својот противник го нарече „поспаниот Џо“.

Трамп забележа дека неговиот состанок со рускиот претседател во Хелсинки во 2018 година бил „одлучаен и продуктивен“. Претходниот американски лидер изрази уверување дека Америка, и покрај тврдењето на медиумите, „на тој самит постигна многу, вклучувајќи и почитување на претседателот Путин и Русија“.

Состанокот на Путин и Бајден ќе се одржи на 16 јуни во Женева. Кремљ соопшти дека претседателите имаат намера да разговараат за руско-американските односи, стратешката стабилност, како и за борбата против ковид-19 и решавањето на регионалните судири.

(Фото: АП)