Трамп жестоко удира по Бајден: „Јас да бев претседател се ќе беше поинаку!“

Доналд Трамп, поранешниот американски претседател, наведе дека нападите во Авганистан не би се случиле ако тој сега беше претседател.

Тој во изјава за „Фокс њуз“ зборуваше за 13-те припадници на американската војска кои беа убиени во Кабул во нападите на „дивјаците и варварите“.

Да потсетиме, Исламска држава ја превзеде одговорноста за вчерашниот смртоносен напад пред аеродромот во Кабул во кој настрадаа најмалку 90 Авганистанци.

Овие благородни американски воини ги положија своите животи додека беа на должност. Се жртвуваа за земјата која ја сакаат, тркајќи се со времето за да ги спасат своите сограѓани од опасности. Умреа како американски херои и нашата нација засекогаш ќе го чува сеѓавањето на нив“, наведе Трамп.

Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави, исто така, изрази сочувство на семејствата на загинатите војници.

Денес сите Американсци тагуваат со вас.“

Трамп во оваа пригода се обрати и на ветераните од дваесетгодишната војна во Авганистан.

Знаеме што се’ направивте, колку бевте храбри и во заблагодаруваме, ве поздравуваме и ќе ве почитуваме за сите времиња.“

Тој ја критикуваше администрацијата на Бајден заради соработка со Талибанците во настојувањето да го осигура повлекувањето на илјадници американски граѓани и Авганистанци кои им помагаа на силите на НАТО, предводени од САД, кои ги истераа Талибанците од власт во 2001 година.

Талибанците се непријатели“, рече поранешниот претседател и истакна дека „имал работа“ со нивниот водач.

Тоа е човек кој се бори против нас долги низ години, а ние сега им велиме да не заштитат? Погледнете што се случи со нивната ‘заштита’, 100 луѓе, дури велат многу повеќе од 100, загинаа, а убиени се и 13 припадници на нашата неверојатна војска. И тоа е само почеток, ќе видите… Имавме доста време. Ги имавме Талибанците под потполна контрола. Имавме авиони, имавме воздухопловни сили, тие немаа ништо… Немаше причина за брзање. Ми требаа две, три години да ги извлечам американските сили. Сакавме да се извлечеме брзо, но не итавме. Се беше под наша контрола. Талибанците не би направиле нешто без мое одобрување“, рече Трамп.

Тој се пожали дека на евакуацијата која ја наредил Бајден, Талибанците виделе слабост.

Тој ништо не направи, а тогаш тие ја презедоа власта. Ние го уништивме имиџот на нашата земја и на нашите неверојатни воини. Тие се неверојатни, но им е потребно цврсто водство кое го немаат. Бајден зборува како ‘опасно’ момче, а тој тоа не е. Тој е токму спротивното и светот знае за тоа.“

Претседателот на САД, Џо Бајден, се обрати на нацијата поисле терористичките напади во Кабул.

Како што наведе, без оглед на нападот, американската војска ќе ја продолжи евакуацијата и ќе ја заврши мисијата во Авганистан.