Трамп меѓу жените и Русите!

LinkSense.mk

Во јавноста се појавија записи од Џејмс Коми, некогашен директор на ФБИ, за разговорите со американскиот претседател Доналд Трамп. Во нив се наведува дека шефот на Белата куќа барал лојалност од Коми, а се споменува и односот на Трамп со Мајкл Флин, поранешен советник за национална безбедност, и со тоа во врска неговата оценка дека Флин „има проблем да ги процени луѓето и случувањата“. Коми изнесува и свој заклучок дека Трамп е „морално неподобен за улогата на претседател“.

Во својот твит, Трамп го обвинува Коми дека придонел до протекување на доверливи документи и се прашува „дали уште продолжува ловот на вештерки“?  Откако минатата година го зеде на заб затоа што водел истрага за наводно мешање на Русија во американските избори во 2016 година, Трамп вербално не го остава Коми на мир.

На 15 страници кои се составен дел од книгата „Висока лојалност: вистини, лаги и лидерство“, Коми ги опишува своите телефонски разговори со Трамп, но ги споменува и оние што тој ги водел со американскиот претседател во „четири очи“. Еден од нив се однесува и на тврдењето на Русите дека, наводно, имаат снимки на Трамп со проститутки во московскиот хотел „Риц Карлтон“ од 2013 година, во претседателски апартман, истиот оној што го користеле сопружниците Барак и Мишел Обама.

„Му го кажав тоа, а тој одговори дека нема проститутки и дека никогаш и немало“, сведочи Коми.

Џејмс Коми

Смеејќи се, Трамп додал дека не морал да оди таму. Тоа Коми го сфатил како изјава дека не мора да плаќа за сексуални услуги. На крајот му рекол дека од секогаш претпоставувал дека хотелските соби во кои одседнувал биле озвучени. Потоа почнал да зборува за жените кои лажно го обвинувале дека ги допирал. Спонел и една стриптизета.

„Му одговорив дека не водам истрага и дека можеби се е измислено, но дека тоа се зборови кои стигнуваат од Русија и дека наша работа е да го заштитиме претседетелот. Му додадов дека мора да знае дека тие информации се појавија во медиумите. Ми се заблагодари, кажа некои убави работи за мене и дека се радува за нашата добра соработка“, запишал Коми.

И Сторни Даниелс, актерка од филмови за возрасни, го обвинува Трамп дека имал сексуална врска со неа.

Сторни Даниелс

Коми вели дека шефот на Белата куќа зборувал и за иднината на неговата работа. Му велел дека околу дваесетина лица ја сакале таа функција, но дека луѓето во ФБИ го сакале токму него и дека смената би била исклучително лош потег. Коми му напоменал дека може да го отпушти кога ќе посака, но дека секогаш ќе му ја кажува вистината, без оглед на тоа колку е таа болна за него.

„На прашањето дали протекуваат информации од ФБИ, му одговорив потврдно, со напомена дека тоа не е како во другите организации. Ми повторуваше неколку пати по ред дека му треба лојалност и дека го очекува тоа“, пишува Коми.

Некогашниот прв човек на ФБИ во книгата опишува и еден телефонски разговор, што го воделе на иницијатива на Трамп.

„Го почна разговорот со шега дека добивам поголем публицитет од него. Рече дека се обидува да води држава, но дека на тоа се надвил облак од неговите „работи со Русија“, заклучува Коми.

Зелена соба

Коми во детали го опишува разговорот што го водел со претседателот Трамп во Зелената соба во Белата куќа, за кој тој вели дека бил хаотичен. Темите константно се менуваа. За речиси час и половина, немаше ниту еден момент тишина. Трамп зборуваше за инаугурацијата, медиумите, луксузот во Белата куќа, неговите активности, за висината на својот најмлад син, рече дека никогаш не нападнал ниедна жена …

Русинките се наубави на светот

Дел од белешките се однесува на уште една полемика со Трамп во врска со „случајот проститутки“. Претседателот му кажал дека тоа би го загрижило само ако информацијата би ја загрижило неговата сопруга Меланија и му повторил дека не преноќил во Москва. Рекол дека „работата со курвите“ е безсмислица, но и дека рускиот претседател Владимир Путин му рекол дека „тие имаат некои од најубавите жени на светот“.