Трамп повторно ја откажа посетата на Колумбија

LinkSense.mk

Американскиот претседател Доналд Трамп по вторпат ја откажа посетата на Колумбија, планирана за почетокот на декември.

Белата куќа соопшти дека „распоредот на Трамп не му овозможува“ да ја посети Колумбија, но не прецизиrа кој е „проблемот со распоредот“.

Трамп планираше да ја посети Колумбија во април, но тогаш остана во Вашингтон за да се насочи на одговор на нападот со хемиско оружје во Сирија.

Со претседателот на Колумбија, Иван Дуке, тој се сретна на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации на 25 септември.