Трамп подготви 33 милиони долари за нова кампања

LinkSense.mk

На сметка во банка за кампања на претседателот Доналд Трамп се наоѓаат 33 милиони долари, пишува американскиот весник „Политико“ повикувајќи се на најнови податоци, објавени две и пол години пред одржувањето на следните претседателски избори во САД.

Како што наведува весникот, 33 милиони кои Трамп ги има на сметката до крајот на јуни му даваат предност во однос на кој било друг потенцијален претседателски кандидат.

Политико“ констатира дека од претходните напори на Трамп да направи голема кампања за повторен избор имаат корист фирмите кои се поврзуваат со него и со неговиот менаџер за кампањата, Бред Парскејл.

Трамп неодамна во интервју за британскиот „Мејл он сандеј“ рече дека планира повторно да се кандидира за претседател на изборите во 2020 година.

Тоа во потполност го планирам. Изгледа сите сакаат тоа да го направам“, изјави Трамп.

Американскиот претседател кој беше избран како кандидат на републиканците, вели дека не гледа никој од Демократската партија кој би можел да го победи во 2020 година.