Трамп: Русија не хакираше

LinkSense.mk

Новоизбраниот американски претредател, Доналд Трамп, изјави денеска дека смета дека Русија извела хакерски напади во текот на предизборната кампања во Америка, како што претходно соопштија американските разузнувачки служби.

Трамп на конференцијата за новинари, прва од летото, повторно ги оспори наводите дека Русија поседува компромитирачки материјал за него како би можела да го уценува додека тој биде на чело на САД.

„Што се однесува до хакирањето, мислам дека тоа беше Русија, но мислам дека не хакираат и други земји, други луѓе“, рече Трамп, кој до сега покажуваше воздржаност за наводите на разузнавачките служби за обидите на мешање на Русија во американските избори.

Во доверливиот извештај за руското мешање во американските избори, вклучен е и делот во кој се наведува дека руските служби имаат компромитирачки материјал за Трамп, меѓу кои се снимки од негови сексуални односи со проститутки од московски хотел во 2013 година.

Трамп на конференцијата за новинари рече дека секогаш водел сметка за можно шпионирање во хотелските соби во други држави, вклучувајќи ја и Русија.

„Исклучително сум внимателен. Опкружен сум со телохранители. Секогаш им зборувам дека во тие соби има камери на најчудните места. Не можете да ги видите и не можете да знаете за нив, им велам. Бидете многу внимателни или ќе се видите на телевизија“, рече Трамп.

Трамп изјави дека Кремљ денеска демантираше дека руските служби поседуваат каков било компромитирачки материјал за него и додаде дека е срамно што наводите за компромитирачкиот материјал излегле од разузнавачките служби.

Тој вели дека тоа што рускиот претседател Владимир Путин има позитивно мислење за него не е мана, туку предност.
„Дали навистина искрено верувате дека Хилари би била поцврста кон Путин од мене? Дали некој стварно верува во тоа?“, рече Трамп.