Откако Трамп напиша дека цената на програмата за конструкција и производство на авионите ловци Ф-35 е превисока, компанијата „Локид Мартин“ изгуби 3,5 милијарди долари од својата вредност, пишува „Индипендент“.
„Програмата Ф-35 и трошоците во врска со понатамошниот развој повеќе не можат да се контролираат. Мијарди долари мораат и ќе бидат заштедени при јавните и воените набавки после 20 јануари“, напиша претседателот на САД на својот Твитер профил.
Како што весникот наведува, два часа после објавувањето на овој твит, цената на компанијата „Локид Мартин“ која се занимава со конструирање на ловец Ф-35, паднала за 3,5 милијарди долари.
Програмата Ф-35 даночните обврзници ги чинела 400 милијарди долари.
Ова не е првпат Трамп со своите твитови и изјави да ги урива вредностите на компаниите.
Неодамна милијардерот ја прозва авио-компанијата „Боинг“ не ја почнува изградбата на новиот „авион број еден“ со кој би требало да лета шефот на државата поради, според него, превисоката цена.
Овој твит ја чинеше компанијата „Боинг“ 1,4 милијарди долари.