Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ПОТЕЗИ ЗА ПРЕТПАЗЛИВОСТ: „Боинг“ ги прекина пробните летови на моделот „777 X“ поради грешка
Економија

ПОТЕЗИ ЗА ПРЕТПАЗЛИВОСТ: „Боинг“ ги прекина пробните летови на моделот „777 X“ поради грешка

август 21, 20240
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Американскиот производител на авиони „Боинг“ продолжува да се соочува со проблеми. Последниот во низата е запирањето на пробните летови на новиот широкотрупен авион од серијата „777 Х“, откако компанијата откри дефект на делот кој ги поврзува моторот и трупот.

„За време на закажаната инспекција откривме компонента која не работи како што треба“, се вели во изјавата на американскиот воздухопловен гигант за француската новинска агенција АФП.

Од компанијата додадоа дека ќе го заменат неисправниот дел и ќе ги продолжат пробните летови кога авионот ќе биде подготвен за тоа. Фирмата на тој начин го потврди извештајот на порталот за воздухопловни вести „Ер Карент“ (The Air Current).

Се очекува новиот „777 Х“ да стане најголемиот светски двомоторен патнички авион.

Како што пренесува АФП, авиокомпаниите веќе нарачале повеќе од 500 вакви авиони, но тие се уште не се користени за комерцијални цели.

Останатите модели „777“ имаат проблеми, заради што лансирањето на три модели од серијата е одложено за 2025 година.

„Боинг“ во последниве години се соочи со бројни проблеми во поглед на безбедноста и контролата на квалитетот, откако беше вклучен во неколку скандали и инциденти.

Новиот притисок врз компанијата беше предизвикан од инцидент во јануари годинава кога „Боинг 737 – Макс 9“ на „Алјаска Ерлајнс“ принудно слета откако плоча на вратата падна среде лет.

Последниот случај од висок профил се случи пред околу три месеци, во мај, кога „Боинг 777-300 ЕР“ на „Сингапур Ерлајнс“ беше фатен во екстремна турбуленција над Мјанмар, на летот од Лондон до Сингапур. Поради ова дошло до нагло опаѓање на висината за 54 метри, а патниците што не биле врзани со сигурносните ремени биле силно исфрлени од седиштата во таванот на патничката кабина. Во несреќата загина 73-годишен Британец, а неколку други патници и членови на екипажот се здобиле со повреди на главата, мозокот и р’бетот.

Управувањето со компанијата на почетокот на месецот го презеде 64-годишната Кели Ортберг, која вети дека ќе ја врати довербата во производителот на авиони. Исто така најави дека ќе работи од Сиетл, каде што беше седиштето на компанијата се додека не се пресели во Чикаго во 2001 година. Ова треба да ја доближи фирмата до програмата за комерцијални авиони. 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: „Боинг“ / Википедија)

авион актуелно Боинг
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.