Три најдобри и три најлоши претприемачи ја одбележаа 2016-та

На листата на Форбс, освен малите изненадувања и уште помалиот број свежи лица, на крајот на секоја година главно гледаме исти имиња.
Овој пат ви претспавуваме поинаква листа: тројца милијардери или милијардерки кои значително го намалија богатството и чиј углед се намали, и тројца кои и во 2016 година го следат мотото „само небото е граница“.
Всушност, се најде еден кому ни небото не му е крајна дестинација.

 

Топ 3 „лузери“ во 2016-та

 

Пример на лошо раководење

rabota marissa majer

Мариса Мајер доби ветер во грб кога стана извршна директорка на Yahoo во 2013 година.
Уживаше репутација на вундеркинд од Силициумската долина, затоа што беше првата жена инженер во Google и се истакна со умештво и знаење.
Како извршен директор на Yahoo ги имаше сите ресурси кои компанијата можела да и ги понуди: „кооперативен одбор, доста пари и милијарда посетители дневно“.
Но, без оглед на се, од кога ја превзеде Yahoo приходите и профитот опаднаа.
Се обиде да ги зајакне социјалните мрежи и мобилното рекламирање, ја купи Tumbrl (платформа за блогови) и BrightRoll (компанија за видео рекламирање) и на тоа потроши околу 2,2 милијарди долари.
Сепак, Google и Facebook едноставно го „изедоа“ Yahoo online рекламирањето.
Телекомуникацискиот гигант Verzion го купи во јуни овој интернет пионер за 4,83 милијарди долари и означи крај на една ера за компанијата која некогаш го дефинираше интернетот.

Од 4.5 милијарди долари до нула

rabota elizabet holmes

Што се случи со амбициозната млада дама која ја споредуваа со Стив Џобс, и која сакаше да внесе револуционерни промени во нашите животи?
Се чини дека Елизабет Холмс имаше добри намери, но погрешен пат.
Толку погрешен што богатството и падна од 4,5 милијарди на нула долари, дури и се заканува и затвор.
Не така одамна Елизабет Холмс, која ја основаше компанијата Theranos, беше прогласена за најмладата милијардерка која богатството го стекна сама.
Нејзиното богатство впрочем претставува 50 проценти учество во Theranos, медицински старт-ап основан во 2003 година, во кој се инвеститорите вложија на стотици милиони долари.
Компанијата звучела доста ветувачки – се обиде да внесе револуција во индустријата за дијагностифицирање на болести преку крвта.
Тврдела дека може да потврди преку 240 болести врз основа на само неколку капки крв од прстот.
Меѓутоа, компанијата оваа година објаво дека ги поништува сите наоди направени на нивниот уред „Едисон“.
Theranos и Елизабет Холмс сега се на суд со американскиот хеџ фонд Partner Fund Management, кој беше и нивниот прв инвеститор.
Ова е првата во низата тужби кои ги очекуваат.

Кога на Трамп му се раздени, на Слим му се стемни

rabota slim

Иако за една година падна за само две места на листата на Форбс, и сега е на четвртото место, Карлос Слим во тој период изгуби речиси 30 милијарди долари.
Најбогатиот човек на Мексико изгуби голем дел од своите пари откако Трамп победи на претседателските избори.
Експертите проценуваат дека од речиси 54 милијарди долари, неговото богатство падна на 49, и тоа само за еден ден, таа фатална среда, еден ден после изборите.
Причината поради која Слим ги загуби парите е што мексиканската валута, пезосот, падна 12 отсто и поради паѓањето на акциите на берзата.
За време на кандидатурата, Трамп го обвинуваше Слим дека ја помага Хилари Клинтон да победи, преку негови врски во Њујорк тајмс.
Слим на почетокот на декември рече дека, ако Трамп го освтари своето ветување за ширење на американската економија, за отварање на повеќе милиони нови работни места и намалување на данокот за средна класа, тоа ќе биде „идеално“ за Мексико, затоа што же се зголеми потрошувачката во САД.

 

Топ 3 „винери“ во 2016-та

 

Најиновативен меѓу најдобрите

rabota elon musk

Иако Елон Маск не е меѓу првите кога е во прашање листата на Форбс, секако е најиновативен.
Маск се споменува околу патувањето на Марс, кое најверојатно, благодарение меѓу останатото и на него и на компанијата SpaceX, наскоро ќе стане реалност.
Покрај освојувањето на вселената, Маск има визија како би изгледал ќовековиот живот во ерата на автоматизацијата.
Оваа година Маск ја спои својата компанија Tesla motors, која е производител на електрични автомобили, со производител на соларни панели и батерии SolarCity.
Целта на овој потег е креирање на првата и единствената светска самоодржлива енергетска компанија.
Кон крајот на октомври во Лос Анџелес претстави плоча во која се вградени соларни панели.
Откри дека ќе биде поевтина од трошоците за поставување обичен покрив и додавање на него на соларни панели.
И тоа е само дел од неговите овогодинешни активности.

Моќна жена во деловниот свет на мажите

rabota Sheryl Sandberg

Таа е седма најмоќна жена на светот, а не е во политиката, и 14-та на листата на жени кои богатството го стекнале сами, а не е ниту пеачка ниту е во шоу-бизнисот, туку во светот на нови технологии во кои владеат мажи.
Шерил Сандберг е оперативна директорка на Facebook и е тешка 1,4 милијарди долари.
Одговорна е за заработка на пари, под услов корисниците на оваа социјална мрежа да бидат среќни.
До нејзиното доаѓање, Facebook не заработуваше доволно.
Таа е првата жена која се најде во бордот на директори во оваа компанија.
Пред да стаса во Facebook, беше потпретседател на глобалната онлајн продажба и деловност во компанијата Google.
Книгата „Lean in“ ја објави во 2013 година со уште една авторка, има истоимена непрофитна организација, а целта е иста – да ги поттикне жените да превземаат лидерски позиции.

Цукерберг и понатаму не застанува

rabota zuckenberg

Како и Маск, и Марк Цукенберг е тешко да го одминеш во 2016-та.

Своето конто лани тој го зголеми за преку десет милијарди долари во однос на претходната година, и напредуваше за десет места на листата на најбогати луѓе на Форбс.
Сопственикот и директор на Facebook и неговата жена Присила Чан во септември лани изјавија дека во следната декада ќе потрошат три милијарди од своето богатство на лекување и превенција од сите болести.
Кога им се роди ќерката Макс, ветија дека 45 милијарди долари, колку што вредат 99 отсто од компанијата, ќе донираат во сопствената добротворна фондација, додека околу 450 милиони долари ќе задржат за себе и за своето семејство.
Под раководство на Цукенберг, Facebook „врти“ милијарди долари од реклами.