Три новогодишни прослави на поголема група на луѓе во Скопје, МВР најавува пријави

Во текот на новогодишната ноќ на подрачјето на Скопје евидентирани се три пријави за прославување на поголема група луѓе. Едната прослава била во општина Карпош на булеварот „Партизански одреди“, втората во општина Центар на булеварот „Илинден“ и третата на подрачјето на Бит Пазар, во Старата Чаршија.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Контролирани се и 288 угостителски објекти и не се констатирани неправилности при спроведување на протоколите за спречување на Ковид-19.

„Во текот на ноќта констатирани се осум прекршоци од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, а на 31.12.2020 во 18:40 часот на ул.„Иван Козаров“, пред угостителски објект, поради нарушување на јавниот ред и мир приведени се М.Н.(18) и И.Д.(18) и по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. Констатирани се и 29 прекршоци за неносење лична заштита“, информираа денеска од
Министерството за внатрешни работи.