Три пожари ноќеска во Тетовско, без повредени лица

„Од 19.45 часот од 4 часот утринава во Тетово и регионот тетовската полиција бележи три пожари, од кои едниот во подрум во зграда и два во возила. Во сите три случаи нема повредени лица.

„Ноќеска околу 1 часот во СВР Тетово пријавено е дека настанал пожар во подрумските простории на станбена зграда на улица „Благоја Тоска“ во Тетово. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Тетово, а повредени лица нема. Увид ќе се врши во текот на денот, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Првиот пожар на возило е регистриран во 19 часот и 45 минути во близина на наплатната станица Желино каде се запалило патничко моторно возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки. Околу 3 часот и 50 минути настанал пожар на патничко моторно возило „шевролет“ со тетовски регистарски ознаки паркирано на улица „Гоце Делчев“ во Тетово.

Двата пожари се изгаснати по што е направен увид.

 

 

МИА