Турски авион се сруши во населено место

Најмалку 37 лица загинаа денес во пад на транспортен авион на турската компанија во населено подрачје недалеку од главниот град на Киргистан, Бишкек, соопшти Министерството за вонредни ситуации.

Повеќето од настраданите, меѓу кои има шест деца, се жители на селото врз кое се сруши авионот при обид да слета во густата магла.

avion 2

Причина за несреќата, според официјални лица, е грешка на пилотот.

Авионот на „Туркиш ерлајнс“ требаше да слета на аеродромот Манас кај Бишкек, на летот од Хонгконг за Истанбул.

Заради слабата видливост се сруши во населено место во 7.31 часот по локално време, кога повеќето жители спиеле.

avion 3

При падот на авионот оштетени се најмалку 15 куќи во селото.

Во акцијата за пружање помош учествуваа повеќе од 1.000 спасувачи.

avion 4

avion 5

avion 6