Уапсени американски „востаници“ (ВИДЕО)

Единаесет тешко вооружени, самонаречени востаници, уапсени се вчера во близина на Бостон, кога заради контрола ги запреле припадници на полицијата на Масачусетс.

Двајца мажи приведени се рано утрината, додека полицајците преговарале со водачот на групата, барајќи мирно да се предадат, па уште седум лица се лишени од слобода во текот на претпладнето, се наведува во соопштението на полицијата, пренесува Ројтерс.

Полицијата со понатамошно пребарување на теренот пронашла уште двајца, со што бројот на уапсени се искачи на 11.

Нема информации за тоа дали дошло до престрелка, а нема пријавено дека има повредени во инцидентот, кој почнал еден час после полноќ, кога, според соопштението, полицијата забележа два автомобила во коловозната лента за запирање и група мажи во маскирни униформи и вооружени со пушки и пиштоли како стојат пред возилата.

Групата, за која медиумите наведуваат дека се работи за организацијата „Востание на Маварите“, чиј водач и објаснил на полицијата дека патуваат на некој „тренинг“, се разбегала во блиската шума откако полицијата ги побарала нивните легитимации и дозволите на поседување на оружје.

Полицијата потоа го затвроила автопатот на околу 22 километри северно од Бостон и побарала од локалното население да се тргне на сигурно.

После преговорите со полицијата, која од час во час го стегала обрачот, оваа група се предала, па меѓудржавниот автопат повтоно бил отворен.

„Водачот на оваа група рече дека нивната идеологија не е антидржавна, но сеуште не е познато кои се нивните цели“, соопшти официјално лице од полицијата на Масачусетс.