Уапсен битолчанец кој криумчарел мигранти од Мароко

LinkSense.mk

Полициски службеници од СВР Битола вчера го лишиле од слобода М.С.(46) од
Битола зашто биле пронајдени пет мигранти од Мароко во патничко возило
„фолксваген шаран”, со битолски регистарски ознаки, кое тој го управувал.

Мигрантите биле сместени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија и по целосно документирање на случајот против М.С. ќе биде поднесена соодветна пријава.