Уапсен осомничениот за масакрот во ноќниот клуб во Истанбул

Абдулкабир Машарипов, којшто е осомничен дека во текот на новогодишната ноќ во клубот „Реина“ во Истанбул уби 39 лица, уапсен е вечерва, во стан на негов пријател.

По шеснаесетдневна интензивна потрага спроведена од страна на Турската агенција за разузнавање (МИТ) и
Истанбулската полиција узбекистанскиот терорист е пронајден во истанбулската населба Есениирт.

Во времето на апсењето со Машарипов бил и неговиот четиригодишен син.

Злосторството, Машарипов го изврши во новогодишната ноќ, кога од автоматска пушка истрела 180 куршуми во гостите, при што уби 39, а рани 69 лица.

Istanbul 5

Исламската држава, која ја превзеде одговорноста за нападот, наведе дека тој напад бил освета за учеството на Турција во судирите во Сирија.

„Дејли сабат“ пренесува дека полицијата претходно во Истанбул, во областа Мајтепе, ја уапси неговата жена, која изјавила дека за нападот во клубот слушнала од медиумите, и тоа дека не знаела дека маж и е исламист.

Исто така, се наведува дека тој таа вечер откако избегал од клубот, дошол дома, се поздравил со неа и заминал.

Според претходните полициски извештаи, напаѓачот со такси автомобил стасал до дома, а по пат од вработени од ресторан во Зејтинбурну позајмил пари.

Вработените и сопственикот на ресторанот, извесен Шемсетин Дурсун, подоцна се приведени и биле распрашани, и сите до еден негирале каква било поврзаност со осомничениот.