Уапсен роднина на осомничениот за нападот во Берлин

Властите во Тунис уапсиле денес три лица кои се доведуваат во врска со Анис Амри, осомничен за нападот во Берлин, во кој уби 12, а повреди 48 лица.

Еден од приведените е роднина на Амри.

Амри после извршениот напад се упатил кон Милано каде што е ликвидиран неколку дена потоа.

Во Италија Амри бил сам, а во себе имал нешто повеќе од 1.000 евра.

Семејството на убиениот Тунижанец, денес побара неговите останки да се вратат во Тунис.

Тие, од локалната администрација исто така побарале информации за тоа каква улога имал нивниот син во крвопролевањето во Берлин.