Убиен водачот на протурските терористи во Сирија

Неидентификувани напаѓачи го убија лидерот на Сириската национална војска, која ја подржува Турција, во неговиот роден град Тал Абјад на северот на Сирија.

Според локалните извештаи, командантот на Првиот корпус, Иса Ал-Хамид Ал-Насер, во неговиот дом го сочекале непознати напаѓачи и го убиле, пренесува новинската агенција АМН.

Ова, според АМН, претставува сериозен удар врз турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Ниедна група засега не ја превзеде одговорноста за убиството на Ал-Насер.