Синот на лидерот на Исламска држава Абу Бакар ел Багдади е убиен во сирискиот град Хомсу, во пресметка со сириските безбедносни сили, објавија медиумите блиски на таа терористичка организација.
Како што се наведува, Хутаиф ел Бадри, кого го нарекуваат „синот на калифатот“, загина во операцијата на сириските и руски сили кај термоелектраната во Холмс.
Агенцијата „Амак“, блиска на џихадистите, не прецизира кога е убиен Хутаиф. Тие објавија фотографија на момче со пушка со наводи дека тоа е Хутаиф ел Бадри.
Ројтерс наведува дека не е познато каде се наоѓа Ел Багдади, но забележува дека според соопштението тој е сеуште жив.
За лидерот на Исламска држава повеќе пати од 2014 до сега беше јавувано дека е убиен или ранет.
Последната негова наводна аудио-порака од 46 минути во јавноста стаса во септември минатат година преку новинската агенција Ел Фуркан во која тој ги повика приврзаниците ширум светот да покренат напади против Западот и тие, и понатаму, да се борат во Ирак и Сирија.







