Убиецот од Берлин е Тунижанец, а живеел кај Србин кој регрутирал за ИСИС

Германската полиција откри „врели траги“ во врска со терористичкиот напад во Берлин.

Сите досега најдени работи укажуваат на тоа дека злосторството го извршил Тунижанец.

Полицијата информира дека осомничениот е повреден, а во камионот е пронајдена негова ДНК, но и документи кои гласат на извесен Анис Амри (24), од Тунис, роден во градот Таватин.

tunizanec-4

Големата акција за потрага по осомничениот, попладнево, во местото Емерих на рајна во покраината Северна Рајна Вестфалија времено е одложена поради, како што наведуваат од полицијата, грешка во пишување.

Имено, во налогот за претрес била направена печатна грешка заради што тој бил неважечки.
Полицијата планирала да направи претрес во Центарот за сместување на азиланти во Емерих, кој бил последна позната адреса на престој на бараното лице.

Претходно, полицијата во Диселдорф пребара шопинг центар затоа што граѓанин пријавил дека го видел осомничениот.

Меѓутоа, после деталното пребарување, било утврдено дека станува збор за лажна узбуна.

Осомничениот е познат под различни имиња и различни датуми на раѓање.

Едно од четирите, колку што се сомнева дека досега користел, му е Ахмед А., а документите му се издадени во округот Клеве, во Северна Рајна Вестфалија.

tunizanec-112

Истражителите од германското Главно обвинителство побараа распишување на јавна потерница.

Сојузната криминалистичка служба за утре најави нови информации.

Неофицијално, ноите траги водат кон салафистичките кругови во Германија.

Во потрагата по осомничениот, полицијата во изминатите неколку часа ги пребарала сите болници во Берлин и Бранденбург.

Останува нејасно кога и зошто полицијата го изгуби од вид Анис Амри.

Анис Амри има повеќе пасоши и има меѓу 21 и 23 години.

Познат и е на полицијата поради нанесување на телесни повреди, но не е обвинет.

Истражителите го сметаат за многу опасен, затоа што е дел од голема исламистичка мрежа.

Сите имиња во лажните пасоши на Тунижанецот почнуваат на буквата „А“.

tunizanec-113

Постојат информации кои укажуваат на тоа дека убиецот извесно преме престојувал кај Бобан С.(36), Србин, државјанин на Германија, којшто бил задолжен за регрутирање на џихадисти за ИСИС.

Оттаму се и сомнежите дека и Бобан С. Е замешан во терористичкиот напад на берлинскиот новогодишен пазар.
Бобан С. е уапсен во ноември, кога признал дека е припадник на Исламска држава.

tunizanec-3

Бобан, како што е опишано во весникот, бил задолжен новите регрути да ги научи арапски јазик и на радикалните исламски норми.

Безбедносните служби и полицијата долго го држеа во фокусот Бобан С. од Дортмунд.

На 10 август полицијата упаднала во стан за кој се сметаше дека е сопственост на „германскиот Србин“ кој има пасоши од двете земји.

Два тима на полицијата конечно го уапсија на 8 ноември во рамки на големата акција против главните помагачи на Исламска држава во Германија.

Бобан, заедно со четворица други уапсени исламисти, врбувал млади муслимани и им помагал да стигнат до Сирија или Ирак каде што им се придржувале на џихадистите.

Тунижанецот бил поврзан со мрежата на Исламска држава во Германија која, наводно, ја водел Абу Вала, кого го нарекувале „Проповедникот без лице“.

Се претпоставува дека во Германија стигнал во јули 2015 година.