УЕФА бара поголема соработка со владите во борбата против местењето натпревари

– Европската фудбалска унија, УЕФА бара партнер кој ќе ги советува како подобро да се соработува со полицијата и обвинителите, со цел посилна борба против местењето натпревари.

УЕФА постави рок до 28 октомври, заинтересираните да прикажат студија, со која би се испитале начините за унапредување на фудбалските капацитети за истрага и процесуирање на случаите на наместени фудбалски мечеви.

Европската куќа на фудбалот признава дека во последните години е зголемен проблемот со местењето мечеви и дека капацитетот на УЕФА и другите спортски тела не е зголемен во согласност со заканите од местењата. Неодамна, УЕФА го суспендираше Скендербег на 10 години, но при внатрешната истрага недостигала помош од албанските власти.

Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин смета дека најважна е соработката со владите. Изборот на компанијата или агенцијата која ќе работи на полициските, правните, екомонските и политичките полиња, ќе се направи во декември.