„Од 09:10 часот е укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Битола–Ресен преку планинскиот премин Ѓаватo, а од 09:30 часот и забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Крива Паланка–граничен премин Деве Баир“, соопшти АМСМ.
Според АМСМ, забрана за движење на тешки товарни возила со приколка има на кракот Маврово-Дебар.
Тешки товарни возила не можат да се движат и на патот од Дебар кон Струга, а во спротивен правец од Струга кон Дебар нема забрана.
Забрана за камиони има на патот Прилеп–Кавадарци преку планинскиот премин Плетвар, како и за камиони и за автобуси на патот Тетово–Попова Шапка.
Во целосен прекин е и патот меѓу селата Ранковце и Герман.







