Украинската војска тврди дека нивни војник загинал во гранатирање изведено од проруски сепаратисти

LinkSense.mk

Украински војник загина денеска во бомбардирање изведено од проруските сепаратисти на линијата на фронтот во источна Украина, соопшти украинската армија.

Украинските вооружени сили не прецизираа точно каде се случил нападот, туку во соопштението посочија само дека еден војник починал од здобиените рани.

Украинската армија исто така соопшти дека шест војници биле повредени во гранатирањето, пренесуваат западни агенции.

Претставниците на самопрогласените и признати само од Русија како републики региони во источна Украина изјавија дека во експлозии на нивна територија загинале тројца цивили.

 

ИЗВОР: МИА