– Ураганот Иота го погоди копното на североисточниот брег на Никарагва, според специјалното ажурирање на американскиот Национален центар за урагани, пренесува Си Ен Ен.
Иота, со ветрови од 249 км на час, претставува ураган на високо ниво – 4. Неговиот пристап до копно се случи во близина на градот Хоуловер, Никарагва.
Местото каде ураганот Јота го погоди брегот е околу 25 километри јужно од местото каде ураганот Ета го стаса како ураган од категорија 4 на 3 ноември.
Ураганот Иота го достигна највисокото ниво – категорија 5. По првпат во забележаната историја, колумбиските острови Сан Андрес и Провиденс страдаат од ефекти на ураган од категорија 5.
Невремето ќе донесе „катастрофални ветрови, опасни по живот бури и поројни дождови“ во Централна Америка, соопшти Националниот центар за урагани.
Иота е првиот ураган од категорија 5 за оваа рекордна сезона во Атлантикот. Тој е закана за многу делови од Централна Америка кои сè уште се опоравуваат од разорните ефекти на ураганот Ета.






