Ураган ги зафати Карибите: Елса руши се пред себе

Ураганот Елса ги зафати денеска Карибите и со силни ветрови им се заканува на Хаити и на Доминиканската Република каде што најзагрозените жители веќе се евакуирани.

Елса, прв ураган на Атлантикот оваа сезона, е од прва категорија по Сафир-Симпсоновата скала од вкупно пет и благо ослабнал во ноќта меѓу петокот и саботата, со удари на ветрот до 120 километри на час.

Во осум часот утринава се наоѓаше јужно од островот, во непосредна близина на Хаити и Доминиканската Република, и се движеше кон северозапад, наведоа од американскиот Национален центар за урагани (НХЦ).

Во Доминиканската Република се евакуирани жителите кои живеат блиску до реките и на крајбрежјето, а предупредување за можни поплави издадено е и за главниот град Санто Доминго. Надлежните велат дека подготвиле околу 2.500 центри за евакуација.

Според предвидувањата на НХЦ, Елса во текот на ноќта ќе ја погоди Јамајка, а потоа утре и делови од Куба.

До понеделник ураганот преку Куба би требало да стигне на Флорида, наведува истиот извор.