Усвоени законските измените – минималната плата се зголемува на 18.000 денари

LinkSense.mk

Собранието денеска ги усвои измените на Законот за минимална плата во Република Северна Македонија, со кои се предвидува минималната плата да се покачи од 15 на 18 илјади денари. Законските измени се донесоа по скратена постапка, гласаа 90 пратеници, сите „за“.

Со законските измени, се очекува околу 80 илјади работници во април да земат покачена минимална плата. За помош на фирмите за зголемување на минималната плата во буџетот се предвидени 16 милиони евра, кои ќе се искористат за покривање на разликата во придонесите.

Со измените се менува и методологијата за годишното усогласување на минималната плата, па така ќе има тековно усогласување на минималната плата со годишниот раст на просечната плата и на трошоците за живот. Висината на минималната плата не смее да биде пониска од 57 отсто од просечната плата.